Фрчкоски: Име, националност, јазик – сè е договорено

„Заев дава изјави: ‘Очекувам да добиеме покана во јуни’. Тука е проблемот, не му даваат покана во јуни, па два пати го изјавува за да направи притисок“, рече професор Љубомир Фрчкоски во вечерашното гостување на телевизија 1ТВ.

Според него, сите квалитетни решенија во договорот за решавање на спорот со Грција се завршени: име, националност, јазик.

„Проблемот е во имплементацијата, во фазите… Она што во теорија се вика продавање на договорот кон својата база, тоа не е решено. Тоа е приказната, тие решенија се прават на притисок, нема квалитет.

Но, тоа може да биде проблем и да не се реши прашањето. Многу карти се ставени на маса за тоа да се прокоцка.

Таканаречената тивка дипломатија сега фунцкионира како притисок“, вели професор Фрчкоски.

 

5 Коментари

Оставете Коментар