„Фризерката“ ќе биде хигиеничарка за 300 евра во МЕПСО

Од МЕПСО денеска ја демантираа информацијата дека лице со иницијали П.К.  била вработена како фризерка и за тоа ќе зема плата од 43.900 денари.

„Во интерес на целосно и објективно информирање на јавност Ве информираме дека МЕПСО склучи договор за работен однос со лицето П.К. кое е вработено на работно место хигиеничарка со плата од 19.200 денари. Работниот однос е заснован согласно со огласот за вработување објавен на 16 јули“ се вели во демантот.
Во јануари годинава во МЕПСО бил објавен оглас за 9 работници, во март за 22, а во јули се „понудија“ 22 вработувања.