Г.г. Стефан: Ние ги поканивме, зошто не дојдоа, знаат во БПЦ

„Ние поканивме повеќе православни цркви, бугарската црква јавно побара да биде поканета, ние испративме покани, но одговорот зошто тие не дојдоа е кај нив…

Охридската архиепископија е една од древните помесни цркви, чие 1000- годишно постоење не претставува закана за постоењето на другите помесни цркви,  рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан на денешната божествена литургија во катедраланата црква Светата Софија во Охрид, пренесе Алфа.

ОД МПЦ испратија покана до БПЦ, но Синодот на бугарската црква на 14 мај донесе одлука да не присуствуваатна прославата по повод 1.000 годишнината од Охридската архиепископија. Покана имаше и до бугарскиот претседател и до премиерот Румен Радев и Бојко Борисов, но и ие не се одѕваа на поканата.

Владиката Пимен објасни дека покана до Синодот на БПЦ не била за заедничко богослужење, туку за да дојдат претставици во знак на стоплување на односите и продолжување на најавените преговори со БПЦ.

„Ние и технички и догматски и канонски ги исполнуваме сите услови кои можат да ни донесат нас афтокефалност и признавање во православниот свет, но она што секогаш се надвисува како сенка над овој наш проблем се за жал националистичките политики на соседните земји“ рече владиката Пимен, според кој  игнорирањето на бугарската црква значи прекинување на преговорите ,бидејќи како што вели,многу тесно беше мнозинство во Синодот кое надвладеа да се одбие поканата.