Ганка Цветанова го подбра Сојуз на борците за поддршката на референдумот

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го искритикува различниот однос на Сојузот на борците кон референдумот за територијалната организација од 2004 година и кон најавениот за 30 септември за договорот Заев-Ципрас.

„За оние со кусо паметење, борците дадоа поддршка на референдумот против територијалната организација во 2004 год. и на митингот во Струга на бината застанавме рамо до рамо“, напиша Цветанова на својот профил на „Твитер“ како реакција на информацијата дека Сојузот на борците даде поддршка за претстојниот референдум и за договорот со Грција.

Во претходниот твит таа ја проблематизира и структурата на членството на Сојузот.

„Кои борци, ви се молам?!? Татко ми има 83 год., што значи кога почнала војната имал 6, а кога завршила 10 год. Не манипулирајте со јавноста и не се подбивајте со борците. Имајте барем малку почит!“, твитна таа, а во дискусијата што ја поттикна додаде: „Манипулираат и со вистината и со јавноста, а се подбиваат со народот, а во конкретниов случај и со вистинските борци“.

 

1 Коментар

  1. ГИ МОЛАМ СИТЕ ДОБРОНАМЕРНИ МАКЕДОНЦИ ЕДНАШ И ЗА СЕКОГАШ ВО ИДНИНА ДА РАЗБЕРАТ ДЕКА НЕМА ПОВЕЌЕ БОРЦИ ОД НОВ. СИТЕ ТИЕ СЕ ОТКАЖАА ОД МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИТЕ, ИСТОРИЈАТА, КУЛТУРАТА, ЈАЗИКОТ, ИДЕНТИТЕТОТ. ИСТИТЕ ГО ПОДАРИЈА ИЛИНЕДЕН НА БУГАРИЈА, ГИ ИЗБРИШАА БУГАРСКИТЕ ОКУПАТОРИ ВРЗ МАКЕДОНИЈА, ГИ ИЗБРИШАА ИМИЊАТА НА ОКУПАТОРИТЕ КОИ ГИ УБИЈА МАКЕДОНЦИТЕ, МАКЕДОНСКИТЕ МЛАДИНЦИ, МАКЕДОНЦИТЕ ДЕЦА ОД ВАТАША. СЕ ОТКАЖАА ДЕКА ТИЕ СО ПУШКА В РАКА ТРГАНЛЕ ВО ПРИЛЕП И КУМАНОВО ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР. СЕ ПРАШУВАМЕ ПРОТИВ КОГО СЕ БОРЕЛЕ? ИСПАЃА ДЕКА ТИЕ НАВИСТИНА СО ЦВЕЌЕ ГИ ПРЕЧЕКУВАЛЕ ОКУПАТОРИТЕ И ИМ ДАВАЛЕ ЦЕЛОСНА ПОДРШКА ВО ТЕКОТ НА ВОЈНАТА. СЕГА КОГА ГИ НЕМА НИТУ ЧЕНТО, НИТУ ПАНКО ПА ДУРИ НИТУ НИ ТОШО, МОЖАТ ДА ГО ЗАЛАЖУВААТ НАПАТЕНИОТ НАРОД ЗА КАКВИ БОРЦИ СЕ РАБОТИ.

Оставете Коментар