Ганка Цветанова и напиша писмо на “првата дама” на Карпош (ФОТО)

Ексминистерката за култура Ганка Цветанова напиша отворено писмо до Ивана Богоева, сопругата на градоначалникот на општина Карпош која што вчера ги навреди сите 1 милион и 200 илјади граѓани што го бојкотираа референдумот.

Како родител на свое дете Цветанова и дава пријателски совет на Богоева и мајчински и укажува на направената грешка.

Екс министерката не и се лути на Богоева но бара да ја согледа реалноста во која многу луѓе и деца не можат да заминат ниту во Дојран и Охрид, и сугерира таа да се извини за навредите и понижувањата на луѓето што не можат да патуваат низ светот.

По вчерашниот пост на кој Богоева доби стотици најчесто негативни коментари таа не реагираше на социјалните мрежи.

SHARE

Comments are closed.