Гасоводот ќе збрише дел од Водно колку „Партизанска“ (ВИДЕО)

Иницијативата „Го сакам Водно“ не отстапува и бара владата да најде друга траса за гасоводот Кон Тетово, Гоствар и Кичево кој поминува по сртот на планината.

Од влада вчера соопштија дека трасата наводно била скратена за 4 километри и дека појасот каде се изведуваат работите ќе се сведе од 25 на 10 метри.

„Трасата не е скратена за четири километри. Измената е во потег од 4,3 километри. Значи ќе се исече шума со површина колку цел булевар Паризански одреди, низ Карпош 1,2,3 и 4, Влае, Козле и Капиштец. Како ќе ја стеснат трасата од 25 на 10 метри кога на снимките од Гугл се гледа колку не е испочитуван работниот појас од 25 метри, па на места изнесува и 46 метри. Не може да е под 25 метри ако се мисли на безбедност и професионална изведба“, вели активистот Андреја Јанков.

Од иницијативата велат дека ќе ја оспорат дозволата за изградбата на гасоводот, пренесува Канал5.

 

SHARE