„Газета експрес“: Германија депортира Албанци

Бројот на странци кои биле протерани од Германија во текот на 2017 година изнесувал вкупно 23.966 или помалку од претходната 2016 година, кога биле протерани 25.375 лица.

Најмногу депортирани имало од градовите Франкфурт (6.756), Диселдорф (4.845) иод Минхен, 2.421, пишува owb-online.de.

Што се однесува до депортираните, најмногу имало од Албанија –  3.429 лица, по што следат Косово (2.721) и Србија (2.359), пишува косовска Газета експрес.

Оставете Коментар