„Газпром“ реши: „Турски поток“ ќе минува низ Бугарија, Србија…

Руската компанија за производство и дистрибуција на природен гас одлучи трасата на гасоводот „Турски поток“ – кој пред два дена по 910 километри под Црното Море стигна до турскиот брег – да продолжи кон Европа преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.

„Газпром“планира да почне со испораките на гас за Бугарија и Србија веќе во почетокот на 2020 година, а во Унгарија во 2022 година, што ќе овозможи уште од 2022 година целосно да се откаже од транзитот на гас преку Украина.

Во суштина, тоа е истата маршрута на таканаречениот проект „Јужен поток“, кој беше прекинат од рускиот претседател Владимир Путин во декември 2014 година поради пречки поставени од Европската унија под притисок на САД.

Денес е тешко да се најдат недостатоци во проектот, бидејќи с’е е во согласност со правото на ЕУ, но тоа не значи дека ќе престанат политичките напади, пишуваат бугарски медиуми повикувајќи се на руски „Комерсант“.

„Српски“ наместо „Јужен тек“ – Македонија не е во игра

SHARE

Оставете Коментар