Гејтс: Ќе умрат 30 милиони луѓе од голема епидемија!

Бил Гејтс издаде сериозно предупредување за можна смртоносната болест која би можела да убие повеќе од 30 милиони луѓе за само неколку месеци.

Основачот на Microsoft верува дека епидемијата на смртоносна грип може да ја погоди нашата планета во наредните години и дека човештвото треба да биде подготвено за тоа како  да се подготвува за војна.

Еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека ќе донира 12 милиони долари за развој на универзална вакцина против грип, објави „The Hill“.

Милијардерот и филантроп вели дека „постои голема веројатност од појава на голема и смртоносна модерна пандемија што би можела да го погоди светот во текот на нашите животи“.

Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнесе во петокот на научниот самит во Масачусетс. Иакои  порано зборуваше за оваа тема, тој никогаш не бил толку сигурен во неговите зборови.