Генералот Стојанче и магарињата што личат на политичари

“Генерале Стојанче Ангелов, дали ги памтиш магарињава кога ги сликавме и ги споредувавме со политичари”?

Ова прашање му го упатува активистот на македонската дијаспора во Австралија, Ицо Најдовски Перин на генералот Стојанче Ангелов.

Притоа приложува фотографии од магарињата што ги слокале заедно и ги споредувале со политичари.

Ангелов сега е политичар, претседател на партијата Достоинство, советник на премиерот Заев за бранителите а вработен е во ЈП Македонска навигација.

Во друга објава на Најдовски Перин тој со пораката “Ова се бара од нас”, потсетува на една маестрална реченица од романот „Црно семе“ на Ташко Георгиевски.

“Група заточени Македонци, грчката диктатура бара да потпишат дека се комунисти, иако повеќемина од нив воопшто и не го знаат значењето на зборот. Главниот лик, Доне Совичанов, сепак не потпишува. Не дека не сака да биде ослободен, туку има еден здрав, селски, природен, логичен резон – „Ајде потпиши дека си магаре кога не си”, пишува македонскиот активист во Австралија.

SHARE