„Генсекот“ на Владата, Рашковски, бил против НАТО и Охридски договор

„НАТО е страв и трепет за сите држави кои имаат нешто вредно во себе, а немаат никој зад себе“, изјавил генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, како учесник на „Oраторска вечер“ на Правниот факултет во Скопје.

Рашковски во својот студентски говор објаснува зошто НАТО е зло и не треба Македонија да влезе во алијансата, а во исто време остро се противи и на Охридскиот договор.

Во своето обраќање тој вели дека со договорот Македонија загубила дел од својата територија.

Пред десетина дена Рашковски во име на Владата побара вишок пари од министерствата за финансирање на кампањата за референдумот за името, ЕУ и НАТО.

Според видеото што го објавува движењето „Бојкотирам“ на социјалните мрежи, Рашковски имал дијаметрално спротивни ставови за НАТО и за Охридскиот договор од тие што ги има сега.

„Развојниот пат на владиниот ГенСек Рашковски…

Од студент со тврдокорни АНТИ-НАТО ставови и осудител на ТЕРОРИСТИТЕ во 2001, до контрапленумец на списокот на Груевски и Генерален секретар на Заев (со лажиран втор докторат), кој бара пари од министерствата за илегално финансирање на референдумска кампања за влез во НАТО под името „Северна Македонија“, со амнестираните од ДУИ 😉

Тоа се тие „европски вредности“, пишува во пораката на видеото кое може да го видите на следниов линк

Оставете Коментар