“Генијалната” логика на ПР бранителот на Заев

Шефот на владината пропаганда, шеф на комуникациите на премиерот Заев, екс новинарот Зоран Бојаровски вака го брани својот шеф:

“Кој сум јас да ви кажам“ вели 1.200.000 гласале против.
!?!?!
Е, како бе?
На референдумот, како политичка „битка“ излегле 661.393 граѓани.
За опцијата „ЗА“ гласале 605.016, а против 37.312
Само тоа се брои.
1.200.000 не избрале ништо, ниту гласале. Оставиле други да одлучуваат за нив.
И одлучија: Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија.
После вика: Референдумот е неуспешен, ама не бара предвремени избори.
Ако е Заев за политичка пензија, тогаш зошто да не прифати избори, м?”, прашува Првиот владин пропагандист кој индиректно ги поништува ставовите на две третини од сите граѓани.

SHARE

Comments are closed.