Генимата: Ципрас ги крстеше Македонците!

Шефицата на грчкото Движење за промени, Фофи Генимата, по потпишувањето на договорот за решавање на спорот со името во Преспа, изјави дека премиерот Алексис Ципрас денес ги крстел (им дал име) на Македонците, пренесе „То Вима“.

„Заев во Преспа: „ Грците, Македонците“… Тука нема простор за самозалажување. Ципрас ги крстеше (именуваше)“, беше коментарот на Генимата, која е противник на договорот Ципрас-Заев, зашто наводно признава постоење на македонски идентитет и јазик, што беше една од главните критики на грчката опозиција.

SHARE

Comments are closed.