Генимата: Грција доби влада на одредено време!

Шефицата на Движењето за промени, Фофи Генимата, денеска на Твитер објави дека од денес Грција има влада на „определено време“.

Нејзиниот твит е е реакција на најавата на лидерот на „Независни Грци“ и актуелен  министер за одбрана, Панос Каменос, кој денеска изјави дека неговата партија ќе ја напушти владата кога за тоа ќе дојде време.

„Одбројувањето започна“, напиша Генимата на Твитер.