Генсекот на Владата лажел за докторат!?

Генералниот секретар на Влада на Република Македонија лажел дека има ДВА ДОКТОРАТА, тврди членот на раководството на партијата Левица Димитар Апасиев.

“Драги Рашковски, кој на функцијата Генерален секретар на Владата беше избран на 5 јуни 2017, ја излажал јавноста дека поседува ДВА ДОКТОРАТА и овој лажен податок го пласирал во своето официјално CV, кое сè уште стои на владиниот сајт.

Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!?
Според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години”, пишува Апасиев кој е професор на штипскиот универзитет Гоце Делчев.

“ГенСек уште лани побрзал да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако НИКОГАШ – ни до денешен ден – го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот”, тврди Апасиев!

Драги Рашковски беше дел од неколку скандали во владата со именување на блиски роднини и со членство во фирми со државен капитал, но не беше сменет од својата висока позиција.

SHARE

Comments are closed.