,,Генсекот” на Владата со закани за Проф. Апасиев (ФОТО)

Професорот и член на раководството на партијата Левица Димитар Апасиев објавува дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски му се заканил дека ќе ги затвори образовните институции каде што тој предава.

Во преписката на социјалните мрежи Апасиев на Рашковски му пишува дека е подлизурко а генсекот бара професорот да зборува на темата зададена од него и предлага да одат во МЕНСА за да се провери коефициентот на интелигенција на професорот.

“ГенСекот се јави… Навистина се јави 😉

p.s. Во препискава има и закани дека ќе ги затворале таквите „селски школи“ на кој сум предавал. Срцки комуњарски! Најдовте црква за крстење.

#ТекЧеДаВамБудеЖао
#НемојМенеСоЗакани
#Бојкотирам”, пишува Апасиев.

Професорот предходно побара заминување на Рашковски од владата поради неколку скандали и докажа дека генсекот нема два докторати како што пишува во неговата официјална биографија.