“Генсекот” Рашковски добил 11 судски извинувања од ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Првин ќе ве напаѓаат, после ќе ви се извинат, а би сакал да дојде момент кога меѓусебно ќе се пофалиме за сработеното, објави денеска генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кој добил 11 извинувања за 11 обвинувања од страна на ВМРО- ДПМНЕ.

Извинувањата Рашковски ги добил по тужбите за клевета против него за:
– непотизам
– кумски врски
– присвојување на материјална корист
– незаконско работење
– обид за негово деградирање на професионален и личен план.

“Наместо да се впуштам во “ѓаволско докажување” на обвинувањата одговорив со тужби за клевета кои завршија со спогодби преку кои се извинија за се што беше изнесено во јавноста.
Нека е ова правна пракса за тоа како треба да изгледа политички дијалог и решавање на меѓусебни обвинувања”, пишува Рашковски.

Тој пред јавноста не открива дали слична тактика спровел по обвинувањата на професорот Димитар Апасиев кој го обвини дека лажел кога пријавил во биографијата дека има два докторати.