Лидерот на ВМРО НП и екс-премиер (1998-2002) во подолг напис специјално за бугарската агенција БГНЕС, се обраќа до бугарската политика и  јавност и бара да прекинат критиките на адреса на Зоран Заев, откако македонскиот премиер изјави дека Илинденското востание е македонско.

„Во континуитет од речиси три децении се обидувам во Македонија да воведам нов пристап кон бугарската политика, но и да иницирам ново читање на македонската историја за нашите односи со бугарскиот народ. Во овие дваесет и осум години критиките ми беа насочени најмногу кон македонските митологии, лаги или историски фобии“, пишува Георгиевски кој вели дека имал личен придонес дел од македонската јавност „да ја промени својата свест, за да започнат без предрасуди да гледа на нашите бугарски соседи“.

Тоа, како што вели, му дава за право да упати сериозна критика кон бугарската политика кон Република Македонија.

„ За да биде парадоксот поголем, тоа се случува кога како премиер на Република Македонија дојде еден прагматичен политичар, човек кој со леснотија го потпиша договорот за пријателство со Република Бугарија, кој постојано дава добронамерни изјави дека сака да биде пријател со Бугарија, преземајќи огромни храбри чекори во оваа насока; иако во својата партија постои голема опозиција на неговата политика; иако има огромна опозиција од страна на силната ВМРО-ДПМНЕ која не престанува да повикува зпротив “склучениот штетен договор со Бугарија“; иако е изложен на критика за потпишаниот договор од историчари, новинари и различни независни интелектуалци“, вели Георгиевски и додава дека не требало да се зџаборави дека токму македонските социјалдемократи создадоа антибугарство во Македонија.

Георгиевски вели дека „токму поради  во моментот кога во западниот сосед го имате најдобриот премиер, кој има разбирање и иницијатива да се развиваат односите со Бугарија да се развиваат,  сведоци сме на една крајна ароганција, бесрамност, покажување на целосно непознавање на внатрешните состојби во Македонија и длабоко поткопување на позицијата на вашиот пријател“.

Георгиевски набројува:

Прво, беше измислен проблемот со името Северна Македонија. Дали ова име ги загрози бугарските национални интереси? Да не заборавиме дека името “Северна” не ги исполнува со ентузијазам Македонците, а доаѓа по три децении тешки преговори со Грците.

„Се согласувам дека некакви крајни националисти можат да го злоупотребат префиксот ‘северна’ за иредeнтистки цели, но исто тоа може да се прави и со името Горна или Вардарска Македонија, а најмногу ако не се промени, а си остане Република Македонија. Дека тоа е најмногу убедливо го потврдуваат ставовите на самите Грци кои во името Република Македонија гледаат најголемиот иредентизам“.

Потоа дојде проблемот со Македонската православна црква, вели Георгиевски и жали што “кај нашиот источен сосед мнозинството не сфатиле каква смелост направила македонската православна црква, како побара Бугарската православна црква да ја признае како црква-мајка“ што наиде на поддршка, но имаше многу цинични и саркастични анализи во смисла „нека биде распуштена како црква и да се претопи во БПЦ“.

Според Георгиевски, голема непријатност му беше приредена на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој иако поканет од Бугарија, „се соочи со грубо затворена врата на кабинетот на премиерот, кој беше аргументирано со некои внатрешни македонски услови. Долго време не сум чул за таква суровост во меѓународната дипломатија“.

Георгиевски во тексто уште додава дека „во лицето на Заев имате прагматичен пријател. Не дозволувајте да ја изгубите својата љубов’.

А до врв дојде изживувањето со премиерот Зоран Заев.

Георгиевски прашува дали е тоа поради изјавата дека Илинденското востание било македонско? За потоа, како да е координирано, да следува клање од страна на најголемите бугарски политичари и голем број аналитичари и новинари.

„Дали тоа значи, драги соседи, дека имаме нова забрана за употреба, ово јпат на македонската придавка?

Дали имаме нови проблеми кои никогаш не постоеле, дури и во бугарската историографија? Сега, кога почнуваме да зборуваме за едно суштинско приближување, некој измислува проблеми кои не постојат дури и во најекстремните бугарски средини.

Зарем допрва треба да се објаснува дека сè што се случило на територијата на Македонија, може и да се подразбира да биде наречено македонско.

Ако Илинденското востание било предводена од организација која се вика македонска, ако крајната цел е автономија на Македонија, не можеме ли да го наречеме македонско?

Впрочем, ако Илинденското востание не е македонско, зошто во триесеттите години на дваесеттиот век бугарската комунистичка партија ја притисна Коминтерната да признае македонската нација, што беше нивна политика речиси три децении.

Ако Илинденското востание не беше македонско, би ли имало денес самостојна и независна Македонија со целосна поддршка на нејзините граѓани? Во 1900 година еден од нашите заеднички писатели Войдан Чернодрински, роден во Македонија и живеел и умрел во Софија, ја напиша драмата ‘Македонска крвава свадба’. Во новото издание, како би било соодветно да се постави насловот, само ‘Крвава свадба’ или “Бугарска крвава свадба“?

На крајот Георгиевски вели:

„И конечно повторно ќе ве потсетам дека во лицето на премиерот Заев имате прагматичен пријател. Не си дозволувајте да ја изгубите неговата приврзаност, бидејќи можеби во моментов тој е единствениот политичар подготвен да се извини за нешто што не е направено погрешно. Ако тој падне, нема да се појави втор како него, ќе чекате две или три децении!“ вели на крајот Љубчо Георгиевски.

SHARE

Comments are closed.