„Македонија и Бугарија имаат потреба од модус вивенди.  Македонија треба да го прифати и да го признае очигледното заедничко минато со Бугарија, а Бугарија треба да најде сили да го признае објективното постоење на македонската нација и нејзиниот јазик, трет пат нема“.

Ова го вели во неговата автобиографската книга „Мојата македонска приказна – каде одиш, Македонијо“ поранешниот македонски премиер Љупчо Георгиевски (1998-2002 година) и основач на ВМРО-ДПМНЕ чии делови ексклузивно пренесува БГНЕС.

„Без никакво сомневање, од сите соседни држави, Бугарија и бугарскиот народ се најоцрнетите од нас. Слободно можам да кажам дека се и најомразените и тоа продолжува така без прекин од 1945 година до денес – цели 75 години без прекин. Ако го додадеме и времето на српската окупација на Македонија, веќе станува збор за речиси еден век … Ние се наоѓаме во една стогодишната перманентна пропаганда во Македонија, реализирана во училиштата, медиумите, преку однесувањето и изјавите на интелектуалци, политичари и тоа нешто продолжува без прекин“ вели Георгиевски во цитат кој го пренесува бугарската агенцја.

Георгиевски во и книгата на 360 страници која може да се најде во продажба детално раскажува и како се почувствувал кога асистент по историја на Универзитетот во Скопје му рекол: Да немаш никакво сомневање – Македонците и Бугарите се еден народ.

„Не само што занемев, туку цел ден одев како удрен од метеорит“, раскажува Георгиевски кој апелира секој да прифати како личен предизвик да пројави поголема љубопитност … интелигентниот читател „многу брзо ќе ја открие манипулацијата на југословенската историја за тоа историски прашање. Но, најважно е дека внимателниот читател на автентичната и непристрасна историска литература, сам ќе се убеди дека македонскиот и бугарскиот народ историски се поврзани народи“.

Во книгата, како што пренесува БГНЕС,  Георгиевски вели дека “Бугарската политика е обврзана да прифати неколку работи кои до денес не ги признала. Ако некој е ‘виновен ‘ за создавањето и признавањето на македонската нација, тоа не се Тито и српската комунистичка партија, туку бугарските лидери кои раководеле во тоа време Коминтерната. Тие треба да имаат едно на ум дека признавањето на македонската нација и јазик е почната во јадрото на БКП. Сè што е направено од Коминтерната за Македонија беше под влијание на бугарските кадри кои ја раководеа Коминтерната во тоа време…

Во однос на разликите во јазикот Љубчо Георгиевски објаснува дека ситуацијата дополнително се комплицирала со вметнувањето на србизми во македонскиот и русизми во бугарскиот јазик. „Македонија треба да се раздели од југословенско-македонската историографија, која е полна со измислици, кои постојат само во нашите учебници. Бугарија треба да ја прифати реалноста. Убеден сум дека ова е единственото правилно решение во кое ќе успееме да ги надминеме сите недоразбирања меѓу двете земји и така ќе ја зајакне врската помеѓу двата најблиски народот во Европа “, пишува тој во книгата, пренесува БГНЕС.

SHARE

Comments are closed.