Германците бараат поефикасна депортација на мигрантите

Мнозинството Германци сакаат поцврст став по прашањето за имиграцијата од онаој на канцеларката Ангела Меркел, покажа истражувањето за телевизијата АРД.

Според истражувањето 62 проценти од анкетираните сметаат дека мигрантите без документи за идентификација мора да бидат одбивани уште на границата – мерка која поддржува германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зеехофер, пренесува ДПА.

Дури 61 отсто изразуваат поддршка за контроверзниот план на Зеехофер на границите да бидат изградени центри за сместување на мигранти, каде тие би престојувале додека до евентуалната депортација.

Импресивни 86 проценти од анкетираните велат дека се за поефикасен систем за депортација на луѓе на кои им се одбива барањето за азил.

SHARE

Comments are closed.