Само три проценти ја делат партијата на Зелените од владејачката Христијанската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, покажува последната анкета на популарноста на политичките партии спроведена од Институтот Форса на барање на германските приватни RTL и N-tv телевизиски канали.

Зелените имаат поддршка од 24, и се на второ место по популарност зад ЦДУ која има подршка од 27проценти.

Третото место го делат Алтернативата за Германија (АфД) и Социјалдемократската партија (СПД) и со по 13 отсто поддршка, а натаму следатт Либералите (ФДП) и Левицата со по 9 отсто.

Според податоците од оваа анкета не би можело пак да се формира „голема“ коалиција, бидејќи ЦДУ и СПД би освоиле само 40 отсто од гласовите.

Според истата анкета, 68 отсто се изјасниле дека не се загрижени за одлуката на Меркел да го напушти раководството на партијата, додека спротивното мислење изразија 28 отсто од анкетираните.

SHARE

Оставете Коментар