Германија пред 76 години го дешифрирала односот меѓу Македонците и Бугарите

Новинарот Митко Јованов открива мал дел од трудот на кој работи а кој зборува за информациите на Германија за Македнија во 1942 година за време на втората светска војна.

Јованов објавува текст од дел од документ на Министерството за надворешни работи на Германија од 1942 година, односно извештај на нивен дипломат во Софија, Бугарија.

„Јас ќе се навратам и на големиот фалсификат кој го прави Бугарија со употреба на помиот „Ослободени предели/области“, притоа се мисли во прв ред на Македонија. Бугарија развива едно специфично чуство кон своите „браќа-сонародници“ во ослободените области.

Но тоа не е прифатено кај населението во Македонија, и со ваквиот однос на Бугарија, го предизвикуваат на отпор, за што сведочат бројните саботажи и атаци кои ги добиваат.

Мнозинството Македонци не се поистоветуваат со Бугарите. За Македонците, во најмала мера, или поточно, може да се каже, дека ги сметаат Бугарите за нешто подобри, споредено со Србите.

Но факт е дека значителен број Македонци не ја гледаат својата среќа кон приклучување кон Бугарија, туку во своја самостојност, за која копнеат со векови.

Јас се надевам дека овие мои гледања и информации ќе се се покажат како неточни, но имам многу мала надеж за тоа“, пишува германскиот дипломат во дописот до Берлин во 1942 година.

Јованов најавува дека идната година ќе го објави целиот труд на оваа тема.

SHARE

Оставете Коментар