Германска поддршка само за напорите на Атина во спорот со „ФИРОМ“

Странските дипломати во Атина не очекуваат брзо решение на проблемот за името на денешната средба меѓу министрите Димитров и Коѕиас но не се исклучува ниту поместување во спорот кој може да биде цементиран од премиерите Заев и Ципрас во Софија за време на самитот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во среда.

Германскиот амбасадор во Атина Јенс Плотнер пред грчки медиуми завчера изразил поддршка за грчките дипломатски напори за решавање на долгогодишниот спор за името.

Ако грчките медиуми добро ја пренесуваат неговата и позицијата на неговата земја Плотнер во својата недипломатска изјава во која не изразил поддршка и за Македонија, во Атина изјавил дека спорот може да биде решен и покрај пречките.

Германскиот амбасадор притоа ја потенцирал грчката улога како сила за стабилизација на регионот и за напредокот кој што го постигнала Грција во спорот со Македонија но и во разговорите со Тирана.

Берлин смета дека решението за името ќе биде корисно за сите страни но пред се за Скопје кое ќе го отвори патот до НАТО и ЕУ, изјавил Плотнер, пренесуваат дел од грчките медиуми.

Со ваквата изјава Берлин прави силен притисок само на едната страна во спорот коментираат грчки извори.