Германски европратеник во Скопје прашан дали е неонацист (ВИДЕО)

Австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов повторно таргетираше странски претставници со своите прашања за спомениците за албанските балисти од втората светска војна кои биле поддржувачи на нацистичките власти.

Во прашање за германскиот европратеник Кнут Флекенштајн тој го запраша дали е тој неонацист:

“Г-дин Флекенштајн, господине, вие молчевте за недостатокот на човекови права на етничките Македонци во Грција и Бугарија. Молчите за албанските нацистички статуи од Втората светска војна изградени во Македонија од страна на албанските политичари како Невзат Бејта и Али Ахмети и сега сакате да го смените името на Македонија. Господине, Флекенштајн, дали сте германски нео нацист?

Во одговорот германскиот европратеник рече дека воопшто не сака да одговори и рече дека не дошол на граѓаните да им каже како да гласаат на 30 септември туку да апелира да гледаат во иднината.

SHARE