Германски пратеник: Поткупувањето пратеници не е никакво решение

Власта и опозицијата да се сконцентрираат на барање решение со кое ќе се овозможи продолжување на процесот на имплементација на Договорот со Грција, наместо да се оди на предвремени избори, порача претставникот на Бундестагот од партијата на Ангела Меркел, Торстен Фрај.

Тој истакна дека Владата и опозицијата треба што поскоро да најдат политичко заедничко решение, но не со купување пратеници.

„Не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека Владата и опозицијата треба заеднички да најдат добро решение за добро на државата“, порача Фрај.

Тој додаде дека има разбирање за тоа што во Македонија на луѓето им е тешко во однос на Спогодбата со Грција, но истакна дека нејзиното прифаќање е единствен пат за инеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

5 Коментари

    • Колку што е добро и убаво да се знае дека огромното мнозинство Македонци, според мене околу 80%, не се проституираат, исто така е многу загрижувачко и тоа што 600.000 наши сограѓани се подготвени не само самите тие да се проституираат туку и нас да не продадат!
      Ова е загрижувачко и потребно е да се работи, (секако има радикални но и други мерки) со таквите да им се објаснува дека проституирањето не е цивилизациско достигнување туку спротивното.
      Не, не ги обвинувам затоа што се такви, едноставно тие се само луѓе кои под притисок или поради системско перење на мозокот и други софт-форми на НЛП се толку духовно уништени, што не се во состојба да препознаат дури ни кога работат самите против себе!

  1. Заев направил со Преспанската спогодба ДРЖАВНА ПРОСТИТУЦИЈА.
    ДРЖАТА се ПРОСТИТУИРА!
    За проституцијата на националниот и државниот идентитет и државноста и идентитетот на народот, кои е посрамен со Преспанската спогодба, Заев треба да одговара, а пратениците да гласаат против!

Оставете Коментар