Германски ултранационалисти маршираа во Берлин

Поддржувачите на националистичката партија Алтернатива за Германија денес маршираа низ центарот на Берлин, во знак на протест против владата на канцеларката Ангела Меркел.

Полицијата соопшти дека неколку илјади луѓе излегоа на демонстрациите организирани од Алтернативата за Германија AFD), а демонстрантите носеа германски знамиња, плакати со содржина „Нема ислам во Германија“ и пееја „Меркел мора да си одат“ на централната железничка станица во Берлин.

Околу 2.000 полицајци беа поставени за да спречат судир на привврзаниците на АФД со контрадемонстрантите.

Крајнодесничарската АФД  освои 12,6 отсто од гласовите и успеа да да влезе во германскиот национален парламент минатата година.

Таа сега е најголема од четирите опозициски партии откако двете најголеми партии во земјата конечно се согласија да ја продолжат центристичката „голема коалиција“ со Меркел како канцеларка.

SHARE