Героски обвини западна амбасада дека следи опозициски лидер во Македонија

Главниот уредник на весникот Слободен Печат и координатор на порталот Плусинфо, Бранко Героски обвини една западна амбасада во Скопје дека следела и фотографирала лидер на важна опозициска партија во Македонија.

Тој во пост на Фејсбук со наслов ,,ЕДНО НЕЗГОДНО ПРАШАЊЕ” прашува дали е точно дека неименуван партиски лидер на партија што не е на власт во западна амбасада бил прашан дали се среќава со Груевски а кога одговорил негативно нему му биле покажани фотографии од таква средба.

“Дали е вистина дека лидерот на една важна опозициска партија бил примен во една западна амбасада, каде што, откако го прашале дали се среќава со Груевски (а овој како од пушка рекол „не“), му покажале слики од средбите и му рекле – дечко, ај ој си сега, средбата е завршена?!
Така имам чуено, ама не сакам да верувам дека некој можел така да се изглупира…”.

Героски со тоа индиректно ја обвини западната амбасада дека следи и снима опозициски лидери а во друг коментар под постот тој директно вели дека странските разузнавачки служби се активни во Македонија каде што се случува и следење и фотографирање на опозициски лидери.

Овие активности на странските амбасади за кои зборува Героски не се дозволени со Виенската конвенција и доколку се докажат ќе предизвикаат сериозен дипломатски скандал.

,,Па сега, работат нешто и странските разузнавачки служби. Не само нашиве. Ние сме имале систем „Најс“, они ваљда имаат „Вери Најс“… А најзагрижувачки е тоа што опозициски лидери мора сега да се мољакаат по амбасади”, пишува Героски во коментарот.

Героски не открива ниту кој е лидерот што бил снимен од западната амбасада но најверојатно не мисли на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој пред една недела јавно на ТВ интервју кажа дека се сретнал со Груевски а истата изјава ја пренесе и медиум што тој го води.

https://plusinfo.mk/мицкоски-груевски-е-изложен-на-полити/

SHARE

Оставете Коментар