Ги најдоа тепачите на градоначалникот Јанис Бутарис

Loading...

Уште едно лице, 22-годишен Грк, бил идентификуван за нападот врз градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, минатата сабота.

Тој е обвинет за кривични дела нарушување на мир и за клевета.

Претходно биле идентификувани уште три лица, на возраст од 34, 20 и 21 години.

Вкупниот број на идентификувани за нападот врз градоначалникот Бутарис е 12.

Инцидентот кој заврши лошо за 75 годишниот солунски градоначалник, се случи на одбележувањето на годишнината од масакрот врз црноморските Грци, Понди, извршен од младотурците за време на Првата светска војна.

„Ме удираа по целото тело. Ме клоцаа и многу ме повредија“ изјави Бутарис за локалната агенција АНА. „Тоа беше жален напад, но јас сум во ред“, изјави градоначалникот.

Бутарис првично бил исвиркан и навредуван заради неговите ставови кон Турција, но и за Македонија, и му било препорачувано да го напушти настанот, по што беше и физички нападнат.