Гиро дипломатија ги помага преговорите во Њујорк – пишува Димитар Чулев

Нема дополнителни бројки до која цифра стигнаа македонските граѓани кои самоиницијативо викендов заминаа во Грција за да ги шармираат грчките угостители и да демонстрираат подготвенст за меѓусоседски соживот отако вчера, 10.000 „амбасадори на мирот“ заминаа во спонтана туристичко-дипломатска мисија да ги помогнат тешките преговори за името кои се водат во Њујорк.

И попатно да конзумираат гиро.

Нема информација дали оние кои од вчера изутрина чекаа и по еден час на „Богородица“ да влезат во соседната пријателска држава (која во последните 27 години беше жртва на „скопскиот иредентизам“) биле поттикнати од апелот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, да му пуштат „мудрост и нерви“ пред средбата со Коѕијас или причина бил „заморот на материјалот“ од срамниот однос на македонската држава која 27 години ја провоцира Грција со тоа што „срамно“ се нарекува Македонија.

Бројноста – анкетарите би рекле дека е репрезентативен примерок – е блиска на референдумско изјаснување, и им дава „отворени раце“ на двете страни во спорот кој ја вознемирува античката но и сегашната  историја, култура, дека македонските амбасадори на мирот распослани по плажите на Халкидики, а особено на  „Касандра“ посакуваат и предвидуваат разврска на наметнатиот од македонска страна иредентистички спор со решение кое историски, географски или на било кој начин ќе ја демистифицира историјата на Македонците како присутни на Балканот и како автохтони на овие простори.

Касандра, едниот од трите краци на кои мај-уваат, јун-уваат и септемвруваат македонски туристи (летните месеци се прескапи), за познавачи на грчката митологија асоцира на ќерката на тројанскиот крал Пријам која превидувала иднина, но била проколната никој да не и верува….

Но, можеби, продолженовикендашите, знаат дека последната бариера, со која туристите од север веќе нема да ги навредуваат грчките хотелиери и издавачи на соби, конечно ќе падне.

Ципрас во Солун денеска изјави дека извојувал убедлива победа со „решението“ да ѝ прилепи додавка на Мекедонија која ќе ја ограничила просторно, историски, антички и политички од „копирајтот’ на историјата која, благодарение на Лорд Бајрон ја осознаа и Грците, а светот ја призна како примарна.

Оттаму, напорот на „гиро-дипломатите“ кои собраа храброст да делуваат на „надминување на недоразбирањата“ на релација Грција – Република*****Македонија, треба да биде поздравен.

3 Коментари

  1. Грција НЕМА монопол врз историското наследство на Античка Македонија !
    Македонска Влада треба да преземе мерки да ја блокира Англиската – САД ENG Википедија, како што направи и Турција, поради ФАЛСИФИКУВАЊЕ Историја! Антички Македонци не биле Грци!

    • E ajde objasni mu go toa na prostovo brojce podolu. Toj si e sloven i uste talka so cevkata vo usta po dnoto na Dunav.

  2. Честитки за длабокоумноста на Димитар Чулев. Светот ја признал историјата на антиката благодарение на Лорд Бајрон. Во очекување сме светот да ја признае и теоријата дека планетата Земја е плоча, благодарение на Миленко Неделковски.

Comments are closed.