Џенова: Среќникот од зелениот камион (ВИДЕО)

Светот го обиколуваат фотографии од вчерашната несреќа во Џенова каде, од засега непознати причини, за само 15 секунди се урнаа 100 метри мост преку кој поминувал автопатот А 10.

Околу 30 автомобили и до 10 камиони беа на автопатот кога се случи катастрофата, изјави висок официјален претставник на агенцијата за цивилна заштита.

Се стравува дека бројот на загинати е над 35 лица, додека спасувачите се обидуваат да стигнат до возилата кои се наоѓаат под урнатините.

Сепак, најголемо внимание предизвика снимка од зелен камион застанат речиси на работ на урнатиот мост на неколку метри или делови од секунда пред амбисот длабок 90 метри.

Многу возачи на камиони за нивниот колега велат дека е најсреќен човек во светот.

Мостот, исто така познат како Понте Моранди, бил изграден во 1968 година, но истиот бил преработен во 2016 година.

 

 

SHARE