Ѓоковиќ ја одушеви Хрватска со поддршката, Ракитиќ му се заблагодари

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги собра симпатиите на Хрватите со честитката за пласманот во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Русија, а хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ му се заблагодари.

Првиот светски рекет не толку одамна во текот на целиот мундијал преку социјалните мрежи им дава поддршка на „коцкестите“, но во прв план изби со реакцијата на објавената фотографија на прегрнатите Ракитиќ и Лука модриќ на „Инстаграм“.

„Брат покрај брат!!! Покрај тебе задоволство е да се турка оваа топка за нашиот заеднички успех! Те сака братот“, напиша порака Ракитиќ со Модриќ.

Набрзо стигна коментар од Ѓоковиќ: „Браво мајстори! Секоја чест. Само напред!“.

Ракитиќ веднаш му одговори: „Благодарам легендо“.