Ѓорги Спасов ги понижи Лупевска, Васиќ, Каранфиловска, Астеруд

Екс амбасадорот и министер за правда Ѓорѓи Спасов на својот фејсбук профил ги навреди и понижи новинарките Снежана Лупевска Созен и Сања Васиќ, професорката Каролина Ристова Астеруд и екс амбасадорката Елеонора Каранфиливска Ратклиф.

Спасов кој сега е професор, во постот на циничен начин зборува за мешаните бракови на наведените и ја споменува националноста на сопрузите на четирите жени.

На неговиот пост веднаш реагираше Каранфиловска Ратклиф а потоа и Лупевска Созен.

По силните реакции во кои е обвинет за сексизам и за национализам Спасов се повлече и објави дека се шегувал ама споменатите не му ги разбрале шегите.

Спасов сега тврди дека тој правел пародија на Мирка Велиновска која одамна ја нема во јавноста ниту имала пост на оваа тема.

“Бидејќи сите споменати во мојот пост кој требаше да биде пародија на паранојата што ја шири вообичаено Мирка Велиновска од таков вид анализи, постот ќе го избришам.
Им се извинувам што добро не го разбрале и што вистина изгубиле смисла за хумор.
Тоа е многу тажно. Ама веќе не е ниту важно.
Нека уживаат и натаму во етикетирањето.
Во мојот пост имаше многу смајлис☺”, напиша Спасов откако ги навреди четирите јавни личности кои што се во мешани бракови со странци.

1 Коментар

Оставете Коментар