Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора

Црногорскиот пратеник на демократската партија на социјалистите (ДПС), Милош Николиќ, објави дека Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора.

Тој на прес-конференција изјави дека нема да има друг круг на претседателски избори во Црна Гора.

„Нема да има друг круг, нема шанси резултатот да биде доведен во прашање. Ова е голема победа, историска победа, постигната во атмосфера во која Ѓукановиќ беше против сите“, рече Николиќ.