Гладна кокошка просо сонува, Димитров и Заев од оставка бегаат

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се огласи на твитер за прв пат после пропаѓањето на референдумот за кој владата се обиде да го прикаже како успешен, иако и ДИК официјално соопшти она што го знаат сите кои ги читаат законите: референдумот не успеа.

Синоќа немаше никаква изјава од Димитров, но затоа тој се огласи денес и по сите обиди за прикажување на референдумскиот пораз за голема победа, на твитер како да го издаде потсвеста и напиша: „Гладно пиле просо сонува“.

Тој оваа изјава ја даде во контекст на демант на лажната вест дека си поднел оставка, иако твитерџиите го потсетија дека оставка Димитров ветуваше уште за предлогот Илинденска Македонија и неуспехот на тој пакет најави дека ќе го проследи со напуштање на својата министерска позиција.

Димитров не е првиот кој најавуваше оставка, а не си отстои на зборот – неговиот шеф, Зоран Заев, многупати досега најавувал оставка ако не успеат неговите политики, но ниту еднаш не останал на зборот.

https://www.youtube.com/watch?v=DdqKGj7GZjw

Заев најавуваше оставка и доколку СДСМ ги загуби изборите во 2014 и 2016 година. СДСМ во 2014 загуби со 200.000 гласови разлика, но Заев не поднесе оставка, не признавајќи ги резултатите и тврдејќи дека СДСМ ќе победел доколку немало фалсификат.

Но, во снимка која протече на интернет, на средба во кабинетот на тогашниот премиер Груевски, Заев признава дека во секој случај СДСМ ќе ги изгубел изборите.

https://www.youtube.com/watch?v=B3Kni6CGroU

Оставка немаше ниту по поразот на изборите во 2016-та, иако беше најавена. Тогаш Заев не ги негираше резултатите од изборите, но негираше дека загубил – иако ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, а СДСМ 2 помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=RmMhR-fESbE

Денес, слично како и многупати досега, лидерот на владеачката партија ги игнорира резултатите и законите, толкувајќи си ги според тоа како нему најдобро му одговара, мислејќи дека ќе му успее уште еден пат да ја замаи јавноста и поразот да го претвори во победа.

Останува да видиме дали оние кои го поздравија потегот на Димитров за оставката се гладните пилиња во случајов, или просо сонува шефот на македонската дипломатија и неговиот претпоставен. Едно е повеќе од јасно – и тој, како и неговиот шеф, секогаш наоѓаат изговори за да не преземат одговорност и да се поместат од удобните фотелји на Илинденска б.б.

SHARE

Comments are closed.