Глупи ли се Бугарите, Албанците, Косоварите и Грците за советници на Заев – пишува Горан Момироски

По најавата на српските медиуми дека премиерот Заев го повикал за советник лидерот на српската Либерално демократска странка Чедомир Јовановиќ се поставува прашањето зошто кабинетот на премиерот инсистира на српски советници во своите редови а ги игнорира сите други експерти во регионот дури и од земји кои што се влијателни членки на ЕУ и НАТО.

Досега Заев именуваше тројца српски советници:

Зоран Башановиќ – надворешен соработник за економски прашања, во Србија познат како естраден менаџер

Александар Обрадовиќ – надворешен советник за економски прашања за соработка на Република Македонија со земјите од регионот. Во Србија познат по скандалите во српското електростопанство

Љубомир Шубара – Надворешен соработник за финансии, банкарство и инвестиции

Покрај нив од регионот Заев има уште двајца советници кои што се од Словенија но водат потекло едниот од Босна и Херцеговина а другиот од Блискиот исток.

Зијад Беќировиќ – Надворешен соработник за економски прашања земји од регионот

Aљаф Бакхатијар – Надворешен соработник за економски прашања за соработка со Блиски Исток

Наспроти желбата да го советуваат советници од Србија која што воопшто не сака да влезе во НАТО премиерот Заев, барем јавно нема ниту еден советник од Грција и Бугарија како членки на ЕУ и НАТО, ниту еден од Албанија како членка на НАТО, ниту од Косово каде што работат огромен број експерти од ЕУ и искусни Косовари кои што со децении работат во меѓународни организации и се добро интегрирани во евроатланските движења.

Доколку за Албанија и Косово може да се најде некакво оправдание затоа што од таму нема ниту еден советник, како земји што не се членки на ЕУ (Албанија е само во НАТО) тогаш нејасно е зошто Заев не побарал постојан совет од влијателни грчки и бугарски експерти кои можат да ги споделат своите искуства со македонските власти на патот кон ЕУ И НАТО.

Гледано од страна тотално е нејасно зошто за Заев, Србија со чии власти има нестабилни односи е извор на најголем дел од неговите странски советници, а тоа не се Грција и Бугарија со кои за кратко време потпишавме два контраверзни договори и за кои премиерот се колне дека се македонски пријатели.

Ако се суди според изборот на советници македонската влада и премиерот Заев не се искрени кога зборуваат за искреното пријателство со Атина и Софија.

Во исто време се отвара дилемата дали македонската влада навистина ја интересираат искуствата на соседите и други влијателни луѓе кои што се во ЕУ и НАТО затоа што „Охридската група“ составена од сегашни и поранешни функционери на ЕУ и НАТО е само лоби група со лабави обврски а не постојанно советодавно тело кое што ја советува и влијае на работата на Владата.

Српскиот весник Блиц денеска објави дека Заев поканил уште еден српски советник во својот кабинет

Заев кани советник што поддржува: Абортус, еутаназија, геј бракови да усвојуваат деца

SHARE

1 Коментар

  1. Глуп е Заев и СДС, но ако ние не го урнеме од власт и ако ние не сме паметни и храбри, тој и СДСМ ќе уништи и ВМРО и Македонија. Злото има едно име: СДСМ.

Оставете Коментар