Го добивме првиот кандидат за претседател на Македонија (ФОТО)

Додека партиите се уште размислуваат Илија Бошков Крајнички стана првиот македонски граѓанин што ја најави својата кандидатура за иден претседател на Македонија.

Крајнички е астролог со специјалност политичка астрологија а по вокација се претставува како новинар.

Својата кандидатура Крајнички ја најави на социјалните мрежи но се уште не започнал со јавни настапи ниту со презентација на својата претседателска програма.

Македонската јавност го познава како астролог кој даваше свое предвидување за различни настани во светот и земјава а негово последно предвидување е дека Македонија нема да стане Северна.