Родители од Македонија се осомничени дека го киднапирале нивното 13-месечно бебе од болница во францускиот град Мец.

Детето се лекувало цели два месеца но с’е уште му е потребна постојана грижа и прекин на лекувањето би имал сериозни последици врз здравјето на детето.

По настанот што се случил пред шест дена, била алармирана полицијата, а случајот се води како киднапирање бидејќи на безбедносните камери се гледа как мајката и таткото бегаат по ходниците со девојчето во раце и влегуваат во автомобил.

Покрената е потера, но трагата на возилото му се губи на границата со Германија, каде најверојатно побегнало семејството, дознава „Канал 5“.

 

SHARE