Граѓанин на Скопје вчера направи десетина фотографии по активностите на машинерија на сртот на Водно каде треба да поминува гасоводот за Тетово, Гостивар и Кичево која зад себе, како што може да се види, остави пустош.

Еко-активисти, од иницијативата „Го сакам Водо“ сепак не успеаја во намерата да ја премислат владата со предупредувањата дека најголема штета од гасоводот  низ парк шумата ќе претрпи природата и ќе се наштети на животната средина.

 

„Граѓани на Скопје , од денес планината Водно не е веќе иста. Демолиран е сртот кај Бел Камен, штетата е непроценлива, тоа повеќе не може никако да се санира како што не лажат егзекуторите на Водно.Глетката е тешка и мачна“, напиша Сергеј Дамовски на Фејсбук.

SHARE

Comments are closed.