Го остави ли и Трудо на цедило премиерот Заев

Откако пред два дена владата не даде информација дали во телефонскиот разговор Заев добил најава за доаѓање на канцеларката Меркел во Македонија, од Канада уште една лоша вест за премиерот.

“Канадската амбасада ја известила македонската влада дека премиерот Џастин Трудо нема да дојде за да даде подршка во кампањата на СДСМ за референдумот! А ПР тимот на Заев само што се пофали”, објави ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Владата се уште официјално не го потврдува или негира тврдењето на претседателот на собраниската комисија за надворешна политика.

Предходно првиот советник на премиерот, Бојан Маричиќ, преку Дојче Веле на македонски јазик најави дека силна поддршка за референдумот и за пристапувањето во ЕУ, за премиерот Заев и Владата ќе дојде од шефови на влади на неколку членки на ЕУ и НАТО.

Новинарката Катерина Блажевска цитираше дипломатски извори според кои во Македонија на крајот на август и почетокот на септември треба има “врвулица” од која дел требаше да бидат канцеларката Ангела Меркел, Џастин Трудо и шпанскиот премиер Педро Санчез.

Во меѓувреме во Приштина се предвидува промена на границите на Македонија и Босна

Црни сценарија за Македонија ако Косово и Србија разменат територии

Оставете Коментар