„Го сакам Водно“ со жив ѕид против багерите

Екологистите од иницијативата „Го сакам Водно“ преку соцјалните мрежи ги повика граѓаните од утре со жив ѕид да се спротивстават на градежната механизација што ја гради трасата за гасоводот на Водно.

Со слоганите „Жив ѕид за одбрана на Водно од утре. НЕ низ Водно! Доста е. На терен градат, на терен ќе се брани!“, се повикуваат доброволци на социјалните мрежи.

„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела. СТОП за непромислени и лоши проекти! Се гледаме пред багери!“, стои во повикот на активистите од „Го сакам Водно“.

Оставете Коментар