Големи непријатности се појавија кога неколку неформални грчки и странски веб-сајтови денеска објавија вонредна вест дека грчкиот режисер од светски глас Костас Гаврас „починал“.

За „тажната вест“, тие се повикале на твит објавен, наводно од новиот министер за култура, Мирсини Зорба.

Малку потоа, режисерот се појави на ЕРТ и зборуваше за ужасната лажна вест, наведувајќи …  дека е среќен што е жив.

Гаврас објасни дека во моментов не е во Грција.

Што е најинтересно, лажната вест беше прифатена и на Википедија каде за Гаврас беше ставен датум на смрт 30 август 2018, но по помалку од половина час, беше направена исправка.

SHARE

Comments are closed.