Давид Бабунски, член на младата фудбалска репрезентација на Македонија која денеска го игра вториот меч на Европското првенство У21 во Полска против Србија е можеби најинтелигентниот фудбалер на светот. Ова како прашање го наметнува специјализираниот фудбалски портал Goal.com кој објавува опширна сторија за Бабунски.

Во интервјуто кое Бабунски го дал за влијателниот  медиум а кое е оценето како фасцинантно играчот зборува за голем број теми, од неурологија до бегалци, од религија до философија.

За разлика од неговите соиграчи кои главно се забавуваат на социјалните мрежи додека не се на тренинг Бабунски има друга работа.

„ Ја пишувам мојата книга, шетам и читам интересни написи на интернет или книги. Сега во Полска читам книга од Џо Диспенца за невро-псхологија, затоа што ја сакам неуролгијата“, вели 23  годишниот Бабунски кој е далеку од стереоптип за фудбалер. Во долгата сторија за Бабунски кој е лидер на младата македонска репрезентација која тој ја инспирираше во квалификациите за ЕП во Полска и која ја елиминираше и една Франција тој зборува за низа теми кои што најчесто фудбалерите не зборуваат.

Колкаво е неговото влијание меѓу колегите репрезентативци може да се види попладнево на мечот на младите фудбалери со Србија (читај овде)

„Македонците се загубија во длабоко негативниот и песимистички менталитет. Не беше ленсо да се убеди целата земја дека е можна промена на менталитетот. тоа е битка која што ја водат од дете. Мојот сон беше да постигнам нешто убаво со Македонија и покрај сите гласови околу мене кои ми велеа дека нешто како ова (пласманот во Полска) нема никогаш да се случи. Доаѓањето на ЕП за прв пат донесе нешто многу вредно за целата земја, многу повеќе од обично учество. Донесе нова енергија за земјата , база на која што можеме да градиме подобра иднина. Преку фудбалот ние позитивно влијаеме на луѓето“, вели Бабунски за порталот.

линк до целата сторија за Бабунски овде 

SHARE