„Горење“ станува кинеска фирма

Европската комисија одобри кинеската „Hisense“ група да го купи словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“.

ЕК процени дека ова преземање нема да ја наруши конкуренцијата на пазарот.

Кинеската компанија со седиште во Луксембург, купи повеќе од 95 отсто од акциите на Горење по цена од 12 евра по акција, со што вкупната вредност на трансакцијата изнесува 293 милиони евра.

„Hisense“, за чија понуда се определи менаџментот на словенечката компанија, се обврза дека ќе го зачува брендот „Горење“ и да ги задржи вработените во Велење.

Фабриката ќе стане центар за истражување и развој и главна производствена точка во Европа.

Се очекува словенечката Комисија за конкуренција да донесе одлука за оваа зделка до есен.