Градоначалничка на општина со блокирана сметка набавила луксузен автомобил

Жаклина Јовановска градоначалничка на општината Старо Нагоричане од редовите на СДСМ, за потребите на локалната администрација набавила нов автомобил „Шкода Октавија“ иако општинската каса на една од најсиромашните општини во Македонија со месеци е блокирана.

Возилото набавено на лизинг според системот за јавни набавки чини 21 илјада и 277 евра и ќе се плаќа на 36 рати.

На јавната аукција за набавка на возилото со учество од 30 % од вредноста имало пријавена само една фирма.

Возило Шкода Октавија со одлични перформанси на пазарот може да се купи за нешто над 15 илјади евра.

SHARE