Градоначалник дозволил сунет во училиште

Градоначалник дозволил верски обред и приватна прослава во основното Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба.

Организаторите на сунетот и прославата тврдат дека се е легално и откако пфед два дена се заканувале на екипата на ТВ Алфа вчера покажале документ со потпис на градоначалникот Борче Георгиевски за кој велат дека е дозвола за одржување на ваков вид на настани.

Организаторите на прославата велат дека се чисти, дозвола си добиле и затоа таму го прославиле сунетот, а по завршување на прославата си го исчистиле и училишниот двор.

Од министерството за образование се уште молк, иако поминаа 24 часа од одржувањето на прославата, надлежното министерство изгледа не го регистрирало ваквиот настан со потпис од градоначалникот кој дозволува приватни прослави во дворовите на образовните институции.

Ова не е прв пат во образовна институција да се извршува верски обред или приватна прослава.

Пред само два месеца, во основно училште во Радовиш кое исто така го носи името на Крсте Петков Мисирков во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан, Оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера.

Од општината Гази Баба велат дека градоначалникот Борче Георгиевски не е во земјава да даде изјава за верскиот обред во училишен двор.