Градоначалник од СДСМ до еколошки активисти: Затворете ја веќе устата

Сериозен инцидент се случил на дебата меѓу претатавници на локални власти со невладиниот сектор кој се бори за заштита на животната средина.

Во недостаток на контрааргументи градоначалникот на Гази Баба од редовите на СДСМ изрекол навреда за активистите по што не се извинил:

“Затворете ја веќе устата” – градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на претставничката на граѓанската О2 иницијатива додека трае дебатата во општината во која невладините, граѓански организации бараат повлекување на огласот со кој во период од 99 години ќе биде дадено земјиштето на користење за тешка индустрија”, откриваат од О2 Иницијативата од каде посочуваат:

“Ваква ароганција, агресија и подсмевање во комуникацијата со граѓаните, особено кон жени, во повеќе годишната активност во борбата за животна средина, до сега не сме посведочиле”.

“Да во негово име неколку пати се извини една од советничките. Можеме да замислиме како се носат одлуките во општината, дали сите мора да ги држат устите затворени? И тоа баш во истиот период кога неговиот шеф, ги отвори 16 дена против насилството врз жените”, велат од О2 Иницијативата.

SHARE

Оставете Коментар