Градоначалникот на Демир Хисар ја злоупотреби општината за лични проблеми

Со писмото до медиумите во кое им соопштува дека бара извинување од порталот lider.mk, кој прв ја објави скандалозната снимка за негозите закани кон наставнички, за „нанесена лична штета кон него и неговото семејство“, градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски ја злоупотреби својата функција и општинската администрација.

Имено, барањето за извинување е подготвено и испратено од општинската администрација на официјален меморандум и како официјален документ на општината.

Според законот градоначалникот не смее да ја меша својата приватна ситуација со општинската затоа што се работи за личен спор на Стојановаски со медиум со кој општината на Демир Хисар нема никаква врска.

SHARE

Comments are closed.