Градоначалникот на СДСМ што прислушувал воспитачки е во полиција

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски денеска е приведен во полициска станица на информативен разговор каде што дава објаснување каде,како и кого прислушувал.

Извори од истрагата информираат дека Марјанче Стојановски , градоначалникот кој беше снимен како се заканува дека како екс оперативец на МВР а сега градоначалник прислушувал граѓани е во полициска станица во врска со видеото што излезе во јавност на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден.

Зошто е приведен градоначалникот на Демир Хисар

Нов скандал на власта – Свиркачи открија видео во кое градоначалник јавно признава дека прислушува административци (ВИДЕО)

Оставете Коментар