Драма: Граѓани против багери во одбрана на Водно! (ВИДЕО)

Група граѓани кои се одзваа на повикот на здружението „Го сакам Водно“ и застанаа пред багерите, се соочиле со закана дека „ќе бидат изгазени“ доколку се обидат да го спречат кастрењето на шумата и изградбата на гасоводот преку оваа планина.

Како што јавува „Фокус“ багеристите добиле наредба да ги газат насобраните луѓе, но истата ја одбиле.

„Горе на Водно се случува вистинска драма!!! Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со ЖИВ ШТИТ ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”, напиша Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил.

Граѓани на Фејсбук пишуваат дека на една ТВ екипа ѝ било забрането да се движи кон планината, а некои јавуваат дека амбулантни и полициски возила, како и хеликоптер се движеле во правец на Водно.

Активистите на иницијативата „Го сакам Водно“ за денесека најавија дека со жив жтит ќе се обидат да го заштитат Водно од натамошно уништување и ќе ја сопрат работата на гасоводот.

SHARE