Софија е рангирана на 167 место од вкупно 345 градови во светот во однос на безбедноста на граѓаните, според листата на веб-сајтот „Numbeo“.

Бугарскиот главен е во групата градови како Милано, Гетеборг, Нови Сад, Скопје, Москва каде веројатноста дека може да се биде ограбен на улица, нападнат или навредуван поради етничка припадност или затоа што некој е странец е мала и каде може слободно да се шета низ улиците во секое време од денот, без грижа за безбедноста.

Според истражувањето, жителите на Софија не се особено загрижени од вооружени грабежи и напади, но скоро 87 отсто од испитаниците се длабоко загрижени за корупцијата и митото на сите нивоа на администрацијата, пренесува БГНЕС.

Инаку, најбезбеден град во светот е Абу Даби, а главниот град на Катар, Доха е на второ место.

Во првите десет најбезбедни градови се и Базел, Сингапур, Квебек, Осака, Токио и Берлин.

SHARE